mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Авокадото им пресудува на мексиканските шуми

Авокадото им пресудува на мексиканските шуми

Типографија

Фармерите во Мексико забрзано ги сечат боровите шуми за да ги прошируваат плантажите со авокадо, поради големата побарувачка и добрата цена на ова овошје на пазарот во САД.

Авокадото успева на истата надморска височина како и боровите на планините во западната мексиканска држава Мичоакан, каде што има најголемо производство на овошјето. Но зголемениот приход од неговата продажба ги поттикнало фармерите на нелегална сеча на шумите, за да засадат што повеќе стебла од авокадо и да им обезбедат повеќе сончева светлина.

  • Дури и кога сечата на шумата не се гледа, под боровите веќе растат млади стебла од авокадо. Тоа порано или подоцна ќе донесе сечење на дрвјата - рекол Марио Тапас Вергас од Институтот за шумарство, земјоделство и риболов.

Шумите во државата Мичоакан се најголемото живеалиште на пеперутки во Мексико, па нивната сеча сериозно го загрозува биодиверзитетот. Освен тоа, овоштарниците со авокадо користат двојно повеќе вода од боровите, што значи дека има помалку вода од бистрите планински потоци за остатокот од билките и од животните.

Меѓународното здружение на еколошки активисти „Гринпис“ предупредува дека оваа појава може да има големи последици врз живото на луѓето.

  • Покрај уништувањето на шумите и ефектот на задржување на водата, високата употреба на пестициди и големите количества дрвен материјал за пакување на авокадото може да имаат негативни ефекти врз животната средина и врз добросостојбата на сите жители - соопштуваат од Гринпис.

Селските планински патишта биле преполни со тешки камиони кои го превезувале авокадото кон пристаништата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет