mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

НАСА: Јули бил најтопол месец откако се мерат температурите

НАСА: Јули бил најтопол месец откако се мерат температурите

Типографија

Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) соопшти дека јули бил најтопол месец на планетата Земја откако се мерат температурите.

Температурите во изминатиот месец биле за 0,84 степени Целзиусови над просекот, а за 0,1 степен над досегашниот рекорд од јули 2011 година. НАСА најавува дека драматичниот раст на температурите во изминатите 50 години речиси сигурно ќе предизвикаат 2016 година да биде и најтопла досега, а тој тренд може да продолжи и во следните години.

Податок што укажува на последиците на глобалното затоплување е и фактот дека во изминатите 15 месеци секогаш е поставуван нов рекорд, што е незабележано од 1880 година откако се следат температурите. Просечната годишна температура на Земјата била 16,4 степени Целзусови, што е за 0,9 повисоко од просекот.

Со меѓународен договор од 2015 година поставена е цел да се спречи затоплувањето на Земјата за 1,5 степени. Нивото на мраз на Северниот Леден Океан исто така е намалено на рекордно ниво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет