mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Лондонски уметници се борат за почист воздух

Лондонски уметници се борат за почист воздух

Типографија

Млади уметници, фотографи и волонтери од Лондон се здружиле за да направат серија плакати и билборди со кои ќе ги предупредуваат граѓаните за нивото на загаденост на воздухот во некои делови од британската метропола.

Уметниците Василиса Форбс и Клер Метјуз, заедно со фотографот Тери Пол и група од волонтери на возраст од 16 до 25 години, изработиле 12 билборди широки шест, а високи 3,5 метри, и тие ќе бидат поставени на најзагадените улици во градот.

  • Цел живот живееме во Лондон. Решивме да отвориме форум за да видиме дали луѓето мислат како нас. Сите што одговорија рекоа дека страдаме. Сфативме дека младите не се посебно свесни за загадувањето на воздухот, ниту многу размислуваат за тоа. Дефинитивно постои празнина кај нивната генерација и сакаме да ја подигнеме нивната свест - вели Форбс.

Уметниците сами ја финансирале изработката на плакатите, без спонзори или друго финансирање. Компанија за улично рекламирање им понудила бесплатен простор.

Во својата кампања тие ги изнесуваат владините податоци според кои околу 9.000 луѓе годишно умираат во Лондон поради загаденост на воздухот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет