mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Силен тајфун ја погоди Јапонија

Силен тајфун ја погоди Јапонија

Типографија

Главниот град на Јапонија и неговата околина денеска се зафатени од силен тајфун поради што се откажани повеќе од 400 летови, а во прекин е и дел од железничкиот сообраќај.

Тајфунот Миндул го погоди јужниот дел од Токио со удари на ветрот кои достигнуваат брзина од 180 километри на час. Се очекува тајфунот во текот на денот да се придвижи кон север и утре да стигне до најсеверниот јапонски остров Хокаидо.

Од ударот на тајфунот се оштетени повеќе згради. Властите предупредуваат на можност од поплави и одрони на земјште.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет