mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Протест против загадувањето од аеродром во Лондон врз црнечкото население

Протест против загадувањето од аеродром во Лондон врз црнечкото население

Типографија

Сите денешни летови од лондонскиот аеродром Сити се пренасочени откако група демонстранти ја „окупираа“ пистата, соопшти управата на аеродромот.

Демонстрантите легнале на пистата и се заврзале меѓусебе. Нивното присуство на пистата за полетување и слетување на авионите го запре сообраќајот од Сити.

Планираните летови за претпладнето се откажани, а сите слетувања се пренасочени кон најблиските соседни аеродроми.
Протестот, каков во Лондон немало подолго време, го организирало движењето „животот на црните е важен“.
Управата на Сити ја повикале полицијата која ги отстранила демонстрантите, а сите деветмина се уапсени, обвинети за бесправен влез и запоседнување на аеродромскиот простор.

Организаторите на протестот изјавиле дека акцијата била преземена за да се истакне „влијанието на човековата околина врз животот на црнечкото население, на локално и на глобално ниво“. Во соопштението се истакнува дека бил избран аеродромот Сити за протестот, затоа што е поставен во реон во кои живее мнозинството од црнечката заедница, каде е изградена индустрија која значително влијае врз климатските промени и загадувањето на околината, од која потенцијално најмногу ќе страдаат лугето од оваа заедница.

Сити е петиот аеродром што е лоциран околу британскиот главен град. Сместен во источниот дел од Лондон, најчесто се користи од бизнисмените, банкарите и деловниот свет кои работат и живеат во новиот елитен кварт „Канари Ворф“ во лондонскиот Доклендс. Во минатата година биле регистрирани преку 4,3 милиони патници.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет