mksqen
11
Пет, Окт
0 Нови / 7 дена

Најмалку 60 загинати во поплави во Северна Кореја

Најмалку 60 загинати во поплави во Северна Кореја

Типографија

Најмалку 60 лица загинале во поплавите во Северна Кореја, пренесе ТАСС, повикувајќи се на државната агенција КЦТА.

Непозната е судбината на уште 25 лица. Вкупно се евакуирани над 44.000.

Поплавите во северниот дел на земјата биле предизвикани од поројните дождови на крајот од минатиот и почекот на овој месец.

Поплавите предизвикаа тешки оштетувања на инфраструктурата. Разурнати се 560 јавни и 30 производствени згради, а над 2.000 хектари оризови насади се под вода.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет